24фудбал

Уште еден инфаркт меч во Серија А, Сампдорија во 99. минута му откина бодови на Лацио (ВИДЕО)

Клубовите од Рим денеска немаа свој ден, по Рома и Лацио пропушти победа, Сапонара во 99. минута со мајсторски потег го замолка „Олимпико“.

Италија

Рома попладнево прокоцка два гола предност на гостувањето кај Каљари, домаќините со двајца играчи помалку на теренот во 95. минута се изборија за 2-2.

Вечерва следеше нов инфаркт натпревар и разочарување за вториот тим од Рим. Лацио успеа да го сврте резултатот во своја корист откако Кваљарела во првото полувреме и донесе водство на Сампдорија. Ачерби во 79. минута најпрво изедначи на 1-1, за во 96. минута од мечот Имобиле од пенал да донесе 2-1.

И кога сите очекуваа три бода за „бјанкочелестите“, во 99. минута Сапонара со мајсторски потег го замолка „олимпико“. По една долга топка, гостинскиот фудбалер реагираше во стилот на Ибра и со акробатски волеј го лобуваше голманот на Лацио за голема радост.

Според Опта, овој гол постигнат точно по 98 минути и 49 секунди од мечот, е најдоцниот погодок во Серија А откако тие водат официјална статистика од сезоната 2004/05.