24фудбал

Челси суспендираше четворица навивачи

Тимот од Стемфорд Бриџ од поодамна си има проблеми со ова прашање, а ѕвездата на Сити пријави расистички навреди која на своја кожа ги почувствува крај аут линијата на дербито со Челси, клубот веднаш реагираше и суспендираше четворица свои навивачи.

Англија

Челси суспендираше четворица свои навивачи од нивно присуство на нивните натпревари, сево ова доаѓа откако се отвори истрага за расистички напади кон ѕвездата на Манчестер Сити, Рахем Стерлинг од мечот во саботата.

Тимот од Стемфорд Бриџ му го нанесе првиот пораз сезонава на бранителот на трофејот во Премиерлигата, совладувајќи го со 2-0 пред своја публика, но, расистичките напади кон англискиот репрезентативец оставија црна дамка од дербито.

Челси потврди дека се води истрага за тој случај, а воедно ги потврди и информациите за суспензијата на четворицата свои навивачи, доколку истрагата ги потврди обвинувањата, на навивачите им се закануваат големи санкции.