24фудбал

Баерн веќе го направил првиот чекор за Иско?

Во Германија се шпекулира дека тимот од Минхен веќе го направил првиот контакт за шпанскиот репрезентативец кој извесно е дека не е во плановите на неговиот нов тренер од тимот на Реал Мадрид, Солари.

Германија

Баерн Минхен, според информациите кои ги пренесе Билд, веќе го направил првиот чекор во обидот да стигне до потписот на ѕвездата на Реал Мадрид, Иско.

Фудбалерот од средниот ред на Кралевите извесно е дека не е во плановите кај новиот тренер Сантијаго Солари, кој дури и го изоставува од составот на својата екипа за натпреварите, а германскиот весник пишува дека Баерн Минхен сериозно размислува да ја искористи таа ситуација во таборот на европскиот шампион.

Опција за Иско е воедно и Јувентус, за што пренесе Тутоспорт, Старата дама од поодамна се шпекулира дека има голем интерес да го ангажира 26 годишниот репрезентативец на Шпанија.

Баерн Минхен веќе има еден фудбалер од Реал Мадрид во својот состав, но, како позајмен, но, се погласни се шпекулациите дека Баварците нема да го откупат договорот на Хамес Родригез на крајот од сезоната.