24фудбал

Илиевски: Треба да одиграме најдобро за добар пласман

Македонската фудбалска репрезентација до 21 година денеска ги дозна противниците за квалификациите за ЕП 2021, селекторот Добринко Илиевски ја даде и првата изјава по ждрепката.

Македонија

Македонија У21 денеска во Нион ги дозна противниците во квалификациската група за пласман на ЕП во Унгарија и Словенија 2021. Нашата селекција ќе игра против Шпанија, Израел, Црна Гора, Казахстан и Фарските Острови.

Селекторот Добринко Илиевски е задоволен од групата, но вели дека мора да се одигра најдобро за добар пласман.

„Задоволен сум од групата во која се најдовме за пласман на Европското првенство, но истовремено и многу внимателен. Противниците, со исклучок на Шпанија, не се атрактивни, но секако имаат квалитет и ќе ја бараат својата шанса за добар пласман. Шпанија е апсолутен фаворит, со сите други ќе се надигруваме. Треба да бидеме во најдобро наше издание доколку сакаме борба за добар пласман, а тоа секако ќе биде наша цел, изјави селекторот на Македонија до 21 година, Добринко Илиевски. 

Првиот натпревар Македонија ќе го одигра на 10. септрември 2019. против Фарски Острови на домашен терен. На 10. октомври 2019. гостуваме во Црна Гора, а пет дена подоцна, на 15. октомври го пречекуваме репрезентативниот тим на Казакхстан. Последните два натпревари во 2019. година ќе ги одиграме на 14. и 19. ноември на гостински терен против Шпанија и Фарски Острови.

Распоредот на натпреварите на Македонија до 21 година од квалификациите за ЕП во 2020 година е следниот: 26. март: Македонија - Израел, 31. март: Израел - Македонија, 08. септември: Македонија - Шпанија, 08. октомври: Казакхстан - Македонија, 13. октомври: Македонија - Црна Гора.