24фудбал

Азар го поддржа Стерлинг: Тој е фантастичен играч, тие се нарекуваат навивачи, а не се

Еден од четворицата обвинети навивачи на Челси се изјасни како невин во случајот и тврди дека не упатил расистички навреди кон Стерлинг, а фудбалерот на Сити доби поддршка од својот ривал од редовите на Челси, Азар.

Англија

Еден Азар упати поддршка до својот ривал од редовите на Манчестер Сити, Рахем Стерлинг, кој пријави расистички навреди од навивачи на Челси од дербито кое викендов го доби токму Челси со 2-0, нанесувајќи му го првиот сезонски пораз на бранителот на титулата во Премиерлигата.

Единственото нешто што би сакал да го кажам, е тоа дека го поддржувам Стерлинг, тој е фантастичен играч“ рече Белгиецот.

Постои истрага, не знаеме што ќе се случи на крајот, тие се нарекуваат навивачи, но, за мене не се. Нашите вистински навивачи само пејат песни за клубот на трибините, а воедно и уживаат во нашите натпревари“ заклучи првата ѕвезда на тимот од Стемфорд Бриџ.

Челси суспендираше четворица свои навивачи по обвинувањата на Стерлинг за расистички навреди од нив за време на дербито, а отворена е истрага за овој случај.

Еден од четворицата навивачи кои се теретат за расизам, го изјави следното:

Јас бев целосно вон контрола, но, ја загубив мојата работа, а воедно и мојот сезонски билет, сега сите го добија тоа што го посакуваа, зошто сега не ме остават на мира?“ рече 60 годишниот Колин Винг, тој а воедно негира дека упатил расистички навреди кон Стерлинг, туку тоа биле навредливи зборови, а далеку од расистички.