24фудбал

Голем пех за Гвардиола и Манчестер Сити

Манчестер Сити го забележа првиот овосезонски пораз во Премиерлигата, и тоа на гостувањето кај Челси, а од дербито на Стемфорд Бриџ го загуби и Силва, кој ќе паузира неколку седмици од терените.

Англија

Еден од предводниците на составот на англискиот шампион Манчестер Сити, Давид Силва, ќе паузира четири седмици поради повреда, откако со истата се здоби на дербито со Челси, каде неговиот тим загуби на гостински терен со 2-0, по што играта ја напушти во второто полувреме.

По ова, шефот на стручниот штаб на Граѓаните, Пеп Гвардиола се соочува со големи проблеми во својата екипа, каде се зголеми списокот на повредени фудбалери, покрај Силва, таму се уште и Браво, Данило, Менди, Де Брујне и Агуеро.

Според информациите од Островот, Силва ќе ги пропушти натпреварите со Евертон, Кристал Палас, Лестер и Саутемптон во Премиерлигата, како и мечот против Хофенхајм во Лигата на шампионите, кој е предвиден да се одигра утревечер.