24фудбал

Клоп остана без зборови за чудото на Алисон во 92. минута против Наполи (ВИДЕО)

Бразилскиот голман спречи големо разочарување за навивачите на Премиерлигашот кои за момент затрепереа во 92. минута од мечот против Наполи, откако гостите имаа шанса да израмнат.

Лига на Шампиони

Шефот на стручниот штаб на Ливерпул, Јирген Клоп вели дека нема зборови за да ја опише чудесната интервенција на чуварот на мрежата од голот на Премеирлигашот, Алисон Бекер против Наполи.

На Ливерпул очајно му беше потребна победа од синоќешниот дуел, во спротивно ќе се соочеше со елиминација уште во групната фаза од Лигата на шампионите, а Милик за момент можеше да донесе кошмар за домашните навивачи на Енфилд, но, неговиот обид во 92. минута беше одбранет од страна на бразилскиот голман, одбрана која го остави без зборови Клоп.

Голот што Мохамед го постигна – каков гол, неверојатно... А, одбраната која Алисон ја имаше, едноставно немам зборови за тоа...“ рече Германецот по мечот на Енфилд.