24фудбал

Почетни состави: Плзењ и ЦСКА Москва ќе се борат за Лига Европа

Се' е јасно околу првото и второто место во групата каде се играат првите натпревари за денеска во Лигата на шампионите, но, останува отворена дилемата кој ќе биде патникот во Лига Европа.

Лига на Шампиони

Со натпреварите Викторија Плзељ – Рома, односно Реал Мадрид – ЦСКА Москва, кои стартуваат во терминот од 18,55 часот ќе се комплетира групната фаза од „Г“ конкуренцијата во Лигата на шампионите.

На првите две места сее јасно, Реал Мадрид во елиминационата фаза патува како прв од оваа конкуренција, а Рома како втора, останува дилемата кој ќе го освои третото место кое води во Лига Европа.

Во моментов, на табелата Плзењ и ЦСКА Москва се израмнети со по 4 бода, а веќе имаме можност и да се запознаеме со почетните состави за денешните први натпревари во Лигата на шампионите.