24фудбал

Кладилниците тријат раце, по Рома и Реал, загубија и Јувентус и Манчестер јунајтед (ВИДЕО)

Фаворитите немаа свој ден во Лигата на шампионите, по Рома и Реал, вечерва пораз доживеаја и Јувентус и Манчестер јунајтед, честа ја одбрани само Манчестер Сити.

Лига на Шампиони

Заврши групната фаза од Лигата на шампионите. Последните мечеви донесоа неколку изненадувања, Јувентус со 2-1 загуби на гостувањето кај Јанг Бојс, а Валенсија со истиот резултат го совлада Манчестер јунајтед.

Лион го обезбеди последниот билет за нок-аут фазата откако се избори за реми од 1-1 на гостувањето кај Шахтар. Домаќините имаа водство по првиот дел со голот на Мораше, но Фекир во 65. минута од мечот погоди за бод и продолжување на настапот во ЛШ.

Најинтересно беше во Амстердам каде Ајакс и Баерн одиграа луд меч со шест гола и драма до самиот крај. Левандовски го донесе гостите во предност во 13. минута, но Тадиќ со два гола во продолжението го сврте резултатот во корист на домаќините.

Левандовски во 86. минута од пенал погоди за 2-2, за Коман во 90. минута се погрижи за ново водство на Баерн. Ајакс сепак не се предаде, Таљафико во 95. минута изедначи на 3-3, но голот дојде предоцна, па „Баварците“ ќе останат на првото место во групата кое на хартија треба да донесе полесен противник во ждрепката.

Манчестер Сити со победа над Хофенхајм од 2-1 само го потврди првото место во своето група, а Бенфика со триумф над АЕК од 1-0 си заработи некој милион и го потврди настапот во Лига Европа.