24фудбал

Познати се сите учесници во нокаут фазата од Лига Европа

Денеска се одигра и последното коло од групната фаза по кое се комплетираа сите учесници во елиминациите во Лига Европа.

Лига Европа

Познати се екипите кои ќе ја продолжат борбата за пехарот во Лига Европа, најголемото изненадување го направи Олимпијакос кој го елиминираше Милан.

Од групната фаза во Лига Европа понатаму се пласираа: Баер Леверкузен, Цирих, Салцбург, Селтик, Зенит, Славија Прага, Динамо Загреб, Фенербахче, Арсенал, Спортинг Лисабон, Бетис, Олимпијакос, Виљареал, Рапид Виена, Ајнтрахт Франкфурт, Лацио, Генк, Малме, Севиља, Краснодар, Динамо Киев, Рен, Челси и БАТЕ Борисов.

Од Лигата на шампиони во Лига Европа се префрлаат: Клуб Бриж, Интер, Наполи, Галатасарај, Бенфика, Шахтар, Плзен и Валенсија.

Ждрепката за елиминационите фази во Лигата на шампионите и Лига Европа е во понеделник.