24фудбал

Елмас има нов тренер, трет оваа сезона

Фенербахче прави нова тренерска промена со цел да ги подобри резултатите на тимот, овој пат Ерсун Јунал е човекот кој треба да го вади гигантот од криза.

Останато

Фенербахче игра очајна сезона, на турскиот гигант не му оди ништо од рака, холандските стратези Филип Коку и Ервин Куман потфрлија, па раководството се одлучи и за трета промена.

На клупата седнува добро познат стратег за навивачите на Фенербахче, се работи за Ерсун Јунал кој го предводеше тимот до титулата во 2014 година.

Елиф Елмас под водство на Коку и Куман уживаше првотимски статус, останува да видиме дали ќе има промена за македонскиот репрезентативец под водство на Јунал.