24фудбал

Клоп: Постојат две екипи против кои не би сакал да се сретнам во ЛШ

Германскиот фудбалски стратег не сакал да има „средба“ со поранешниот клуб кој го предводеше во Бундеслигата, но, и екипата која според него има големо искуство во својот состав и претставува фаворит број еден за европската титула сезонава.

Лига на Шампиони

Јирген Клоп признава дека Ливерпул сакал да го избегне Јувентус на ждрепката за осминафинелето во  Лигата на шампионите, наспроти тоа, тимот од Енфилд за противник во таа фаза го доби Баерн Минхен, сепак, не е Јувентус единствената екипа која Клоп не сака да ја види како противник во тоа натпреварување.

Да бидам искрен, за таа рунда, постојат две екипи кои не сакав да ги видам како противници“ рече Клоп.

Не сакав да се сретнеме со Борусија Дортмунд уште во раната фаза од елиминациите“ додаде гермнскиот стратег притоа подвлече кој е фаворит број еден сезонава за европската титула.

Јувентус исто така не го посакував за противник, за мене тие се главен фаворит на турнирот. Тие имаат големо искуство во својата екипа, најмногу поради искусните фудбалери кои ги имаат во својот состав, ќе биде многу тешко да се победи Јувентус годинава“ заклучи Клоп.