24фудбал

Реал Мадрид се прошета до светската титула, четврта во последните пет години (ВИДЕО)

Реал Мадрид се радува на нов трофеј од Светското клупско првенство, четврти во последните пет години откако вечерва лесно се справи со Ал Аин и го совлада со 4-1.

Останато

Шампионот на Европа ја оправда фаворитската улога и лесно стигна до светската титула, трета во исто толку години.

Вечерва во Абу Даби, Реал Мадрид немаше многу проблеми и ја доби пресметката со Ал Аин со убедливи 4-1.

Модриќ го отвори резултатот во 14. минта, а по еден час игра со голот на Љоренте гостите си обезбедија мирна завршница, за Рамос во 79. минута да ги реши дилемите ако воопшто и ги имаше.

Шиотани во 86. минута постигна почесен гол за Ал Аин, а во првата минута од судиското надополнување, Надер си постигна автогол законечни 4-1.