24фудбал

Затоа е најдобар, Роналдо тренира дури и на одмор, ноќно трчање во пустината во Дубаи (ВИДЕО)

Не случајно Кристијано Роналдо и на 33 години е во топ форма, Португалецот на социјалните мрежи сподели видео од ноќно трчање во пустината за време на неговиот одмор во Дубаи.

Италија

ЦР7 веројатно е најдобрата атлета во светот на фудбалот, тестовите кои неодамна му беа направени покажаа дека тој има тело на  20 годишен фудбалер. Ова се постигнува само со напорна работа, и добро познато е дека Кристијано Роналдо често знае да го помине слободното време во теретана или дома да прави вежби.

Па стартот на 2019 не е исклучок, Кристијано Роналдо на социјалните мрежи сподели видео од ноќно трчање во пустината додека е на одмор во Дубаи. По крајот на првиот дел од сезоната во Серија А, Португалецот со своето семејство замина за Обединетите Арапски Емирати каде ја прослави Новата година.