24фудбал

Се спаси за влакно, стјуардите тргнаа да го бркаат четвртото најскапо засилување на Сити (ВИДЕО)

Бенџамин Менди е главен шоумен во редовите на „граѓаните“ а дефанзивецот иако не играше против Ливерпул се најде во центарот на вниманието откако по крајот на мечот влезе на теренот да ја прослави победата.

Англија

Левиот бек, кој беше донесен од Монако за 52 милиони фунти и беше второ најскапо засилување на Манчестер Сити пред да бидат купени Лапорт и Марез, мака мачи со повредите но и покрај тоа тој го задржа ведриот дух и насмевката на лицето.

Во свој стил, Бенџамин Менди синоќа истрча на теренот по последниот свиреж за да ја прослави големата победа над Ливерпул. Со капа на главата, портокалова јанка и бели фармерки, Французинот ги алармирал стјуардите кои мислеле дека се работи за натрапник од трибините, па веднаш се пуштиле да го соборат.

Но во последен момент тие сфатиле за кого се работи, па фудбалерот се спаси за влакно да не биде соборен. Самиот Бенџамин Менди ја прокоментира ситуацијата на социјалните мрежи и за инцидентот напиша: „За малку“.