24фудбал

Крсте Велкоски го продолжи договорот со Сараево до 2021 година

Македонскиот фудбалер, Крсте Велкоски кој е и капитен на Сараево стави потпис на нов договор со босанскиот клуб според кој ќе остане таму до 2021 година.

Македонија

Крсте Велкоски останува во Сараево до 2021 година откако на обострано задоволство е продолжена соработката.

„Мило ми е што успеавме да се договориме за продолжување на соработката, пресреќен сум што конечно во недела ќе ги видам моите другари и колеги. Се надевам дека се ќе биде во ред и ќе ги оствариме нашите цели“, изјави Велкоски по потпишувањето на договорот.

Велкоски за Сараево дебитираше во март 2014 година и отогаш има 131 настап и 52 погодоци за овој клуб.