24фудбал

Леванте повторно го зеде скалпот на Барса, Кутињо обезбеди полесен реванш (ВИДЕО)

Леванте без Енис Барди во составот со 2-1 ја победи Барселона во првиот осминафинален натпревар од Купот на Шпанија.

Англија

Леванте кој минатата сезона не и даде на Барселона да стане шампион без пораз, денеска повторно се радуваше на победа над каталонскиот тим.

Барселона со солиден состав допатува во Валенсија иако недостасуваа дел од главните играчи, меѓу кои и најдобриот, Лео Меси. Леванте беше без Енис Барди кој не беше ниту на клупата на овој меч.

Домаќините тргнаа фуриозно, уште во четвртата минута преку Кабако дојдоа во водство од 1-0, а веќе во 18. минута беше 2-0 откако детето на Реал, Мајорал го зголеми резултатот.

Барселона во финишот од мечот преку Кутињо од пенал во 85. минута успеа да го намали резултатот на 2-1. Погодок кој може да биде пресуден во реваншот за пласман на Каталонците во следната рунда.