24фудбал

Барселона испрати понуда за Вилијан, Челси категорично ја одби

Каталонците во пакет понудиле и сонародник на офанзивецот на Челси, но, Премиерлигашот категорично ја одбил, се шпекулира дека Барселона се подготвува за нова офанзива, односно, подготвува нова понуда.

Шпанија

Барселона испрати понуда вредна 45 милиони евра, а во истата го вметна и Малком за офанзивецот на Челси, Вилијан, според неофицијалните информации кои пристигнуваат.

Сепак, Челси категорично ја одбил понудата, а Каталонците очајно го посакуваат Бразилецот во своите редови, тие имаа обиди во летниот преоден рок, но истите беа неуспешни, се шпекулираше дека Барселона дури имала и понуда од 60 милиони евра во летото, која исто така била одбиена.

Овој пат, Каталонците се решија во пакет да го понудат и Малком кој за 41 милион евра во летниот преоден рок потпиша за тимот од Камп Ноу, но, не успеа да се адаптира во таа екипа.