24фудбал

Јувентус го посакува Ремзи уште овој месец, на Арсенал му нуди дефанзивец

На Италијанците им се брза во однос на засилувањето од редовите на Премиерлигашот, кој на лето ќе стане слободен играч, но, Јувентус има план како да го доведе во Торино уште овој месец, а за тоа на Арсенал му нуди еден фудбалер.

Италија

Според информациите кои ги пренесе Газета дело Спорт, се вели дека Јувентус е подготвен да го понуди и Медхи Бенатија во пакет за да го убеди Арсенал да падне договор за Арон Ремзи уште овој месец, за да не чека до летниот преоден рок кога Велшанецот ќе стане слободен играч на трансфер пазарот, односно, ќе му истече договорот со Премиерлигашот.

28 годишниот Ремзи веќе прифати да биде дел од редовите на италијанскиот првак, но, од тој клуб очигледно е дека посакуваат порано да го добијат Велшанецот во своите редови, каде ќе биде вториот најплатен фудбалер на списокот по првата ѕвезда на тимот, Кристијано Роналдо.

Како и да е, можен е договор со Арсенал, а за да дојде до таа намера, Јувентус го нуди и Бенатија во пакет за Ремзи да се пресели во Торино уште во овој месец.