24фудбал

Трета победа по ред на Димитриевски и Рајо Ваљекано (ВИДЕО)

Рајо Ваљекано се препороди откако Столе Димитриевски застана на голот на тимот, вечерва славеше против Селта со 4-2 и ја забележа третата победа во серија.

Шпанија

Рајо Ваљекано се враќа од мртвите, тимот кој беше закован на дното во Примера сега реди победи. Денеска триумфираше над Селта.

Де Томас постигна хет-трик, еден гол беше дело на Бебе. Погодоците за Селта ги постигнаа Араухо и Гомез од пенал. Малку фалеше Димитриевски да го одбрани и овој шут од белата точка.

Столе Димитриевски бранеше на последните осум меча во Примера за Рајо, во тие неговиот тим освои 13 бодови. Претходно во единаесет меча само шест.