24фудбал

Матиќ го покани Ибрахимовиќ на македонски ајвар (ФОТО)

Интересна покана на Србинот упатена до Швеѓанецот со балканско потекло, оваа нивна конверзација посебно им се допадна на Македонците поради тоа што Матиќ му го понуди на Ибрахимовиќ.

Останато

Интересна конверзација на социјалните мрежи имаа поранешните соиграчи од Манчестер јунајтед, Немања Матиќ, кој се уште е дел од таа екипа, како и Златан Ибрахимовиќ.

По кратката „преписка“ за тоа кој е поголем „сељак“, откако Ибрахимовиќ објави видео како пее песна од Халид Бешлиќ, на крајот српскиот интернационалец имаше интересна понуда до Швеѓанецот со балканско потекло.

Ајде дојди, стигна ајвар направен во Македонија“ му порача Матиќ на Ибрахимовиќ.