24фудбал

Салах донесе победа за Ливерпул од пресметката со Брајтон (ВИДЕО)

Се одиграа петте предвидени натпревари во стандардниот термин од 16 часот во 22 коло од англиската Премиерлига, лидерот во шампионатот сигурен на гостувањето кај Брајтон.

Англија

Лидерот во Премиерлигата успеа да дојде до посакуваните три бода од гостувањето кај Брајтон и славеше минимално со 0-1, а единствениот гол на средбата го постигна Мохамед Салах од пенал.

Се играше 50. минута кога офанзивецот на Ливерпул при една фантастична соло акција успеа да изнуди удар од белата точка за својата екипа, а самиот тој беше реализатор на истиот удар.

Гостите имаа доминација во поседот на топката, но, во однос на обидите домаќините парираа, но, не успеаа да направат изненадување и да извлечат барем бод од пресметката со големиот фаворит.

 


Резултати:

Брајтон – Ливерпул 0:1

Барнли – Фулам 2:1

Кардиф – Хадерсфилд 0:0

Кристал Палас – Ватфорд 1:2

Лестер – Саутемптон 1:2

 

Од 18,30 часот играат Челси и Њукасл, а претходно, во терминот од 13,30 часот Вест Хем го доби градското дерби со Арсенал и пред своја публика славеше минимално со 1-0.

 

Табела: Ливерпул 57, Манчестер Сити 50, Тотенхем 48, Челси 44...