24фудбал

Челси го победи Њукасл и ја зголеми предноста пред Арсенал (ВИДЕО)

Челси го искористи поразот на Арсенал кај Вест Хем, славеше над Њукасл со 2-1 и ја зголеми предноста во однос на топчиите во битката за местата кои водат во Лигата на шампионите.

Англија

Важни три бода за Челси во борбата за четвртата позиција, особено поради тоа што нивниот конкурент Арсенал денеска беше поразен од Вест Хем.

Челси не одигра импресивно против Њукасл но дојде до планираната победа, славеше со 2-1.

Резултатот беше отворен уште во деветата минута кога по една фантастична асистенција на Давид Луиз, Педро погоди за водство на Челси од 1-0.

На пет минути до крајот на првото полувреме, Кларк реализираше со глава и го изедначи резултатот на 1-1.

Победничкиот гол за Челси беше дело на Вилијан во 57. минута, тој убаво пласираше во голот на Њукасл за триумф од 2-1.

Челси има шест бода повеќе од Арсенал пред нивниот меѓусебен дуел во следното коло кој се игра на Емирати.