24фудбал

Манчестер јунајтед веќе разговарал со Симеоне?

И покрај одличниот старт на клупата на гигантот од Манчестер, извесно е дека Солкјер ќе биде само привремено решение за до крајот на сезоната, иако ги освои сите симпатии кај фановите на таа екипа.

Англија

Експрес пишува дека Манчестер јунајтед веќе имал разговор со шефот на стручниот штаб на Атлетико Мадрид, Диего Симеоне, околу можноста аргентинскиот фудбалски стратег да седне на клупата на тимот од Олд Трафорд.

Се шпекулира дека на Манчестер јунајтед му е сосема јасно дека Тотенхем во никој случај нема да дозволи заминување на Маурисио Покетино, најмалку во ривал од Премиерлигата.

Иако Оле Гунар Солскјер тргна фантастично на клупата на Манчестер јунајтед, предводејќи ја таа екипа во пет победи во низа од неговото преземање на кормилото, извесно е дека Норвежанецот ќе биде само привремено решение за до крајот на сезоната.