24фудбал

Меси стана првиот фудбалер кој постигнал 400 голa во Примера! (ВИДЕО)

Барселона со 3-0 го победи Еибар, а Лионел Меси го постигна јубилениот 400. гол за Барселона во Примера, нешто што никој друг не успеал да го направи.

Шпанија

Барселона ги освои очекуваните три бода против Еибар откако триумфираше со 3-0.

Резултатот го отвори и го затвори Луис Суарез, а вториот гол беше дело на Лео Меси.

За него ова беше 400. гол во Примера, голем јубилеј кој никој друг фудбалер не го направил.

Претходно денеска Атлетик Билбао ја победи Севиља со 2-0, а Атлетико Мадрид со 1-0 славеше над Леванте.