24фудбал

Алиоски беше посебно мотивиран против Дерби и Лампард, Македонецот открива колку часови тренира дневно

Популарниот Џани повторно е оној стариот добро познат на фановите на Лидс, тие на социјалните мрежи се воодушевени од неговото издание во победата против Дерби на Френк Лампард во петокот, а тој открива колку неговиот тим тренира на дневна основа.

Македонија

Македонскиот репрезентативец и член на англискиот чемпионшиплигаш Лидс, Езгјан Алиоски вели дека тој заедно со неговите соиграчи од екипата тренираат до шест часа дневно, со тоа што Лидс го посочи како тим кој работи најмногу во таа дивизија на Англија.

Никој не тренира повеќе од нас, ниту една екипа нема толкава желба за успех како нашата. Ние работиме по шест часа дневно“ посочи Алиоски во изјавата за швајцарски „Блик“.

Позната е филозофијата на работа која долго време ја негува Марсело Биелса, а популарниот аргентински фудбалски стратег во моментов го предводи Лидс на првото место на табелата од Чемпионшиплигата, па многумина веруваат дека конечно оваа сезона тимот од Еланд Роуд ќе успее да се врати во Премиерлигата.

Лидс во петокот славеше со 2-0 пред своја публика против Дерби, а статистиката од изданието на популарниот „Џани“ потврдува за неговите фантастични перформанси во победата на Лидс против тимот на Френк Лампард изминатиов викенд.

На пресметката Македонецот успеа да реализира 73% успешни додавања при 87 допири со топката. врати седум топки, а пет дуели ги доби со неговите ривали од спротивниот табор. Покрај тоа, учествуваше и со една асистенција во двата погодоци на домаќините.