24фудбал

Мурињо има специјална клаузула која може да го чини неколку милиони

Според пишувањата на „Тајмс“, Жозе Мурињо не смее пред медиумите да говори за отказот од Манчестер јунајтед, во спротивно Португалецот ќе остане без неколку милиони.

Англија

„Ѓаволите“ му исплатија 15 милиони фунти на „Специјалниот“ по разделбата, а како дел од договорот за обештетување биле вметнати неколку клаузули.

Претходно беше обелоденето дека Манчестер јунајтед ќе добие помеќу 10 и 15 милиони фунти (во зависност од клубот) доколку Жозе Мурињо брзо најде нова работа.

Денешното издание на „Тајмс“ пак говори за нова специјална клаузула, односно Португалецот не смее да зборува за отказот кој го доби и причината за заминувањето од Олд Трафорд. Во спротивно, ќе остане покус за неколку милиони.

Во следните денови Жозе Мурињо ќе работи како стручен коментатор за беИН Спортс и ќе треба да внимава што кажува. Со оглед на тоа дека нема да може да открива сочни детали од слчувањата во соблекувалната на Манчестер јунајтед и односот со лидерите на клубот, тој ќе добие релативно скромен паричен надоместок од беИН Спорт, и ќе инкасира само 60.000 фунти по натпревар.

Португалецот ќе биде во студиото на ТВ каналот за мечот помеѓу Саудиска Арабија и Катар во четврток во рамките на Азискиот куп на нации, а ќе го коментира и дербито на Лондон помеѓу Арсенал и Челси во недела.