24фудбал

Челси ја одреди цената за Азар, играчот чека Реал Мадрид да направи потег

Клубот од Стемфорд Бриџ ќе бара 100 милиони фунти (околу 112 милиони евра) доколку Еден Азар реши да замине летоска и да ја продолжи кариерата во Реал Мадрид.

Англија

Белгиецот никогаш не криел дека сака да го облече дресот на „кралевите“ и се чини дека по крајот на сезоната има големи шанси Еден Азар да направи трансфер на Сантијаго Бернабеу.

Играчот е обврзан кон Челси до 2020, доби понуда за продолжување на соработката но обидите на „Сините“ да го продолжат договорот на својот најдобар играч беа неуспешни.

Па доколку Еден Азар не стави потпис во следните месеци, Челси ќе нема друг избор освен да го продаде. Според пишувањата на „Телеграф“, управата на клубот од Стемфорд Бриџ веќе ја одредила цената и ќе бара најмалку 100 милиони фунти (околу 112 милиони евра).

Во меѓувреме, белгискиот експерт за фудбал, Кристоф Теро вели дека Еден Азар чека Реал Мадрид да направи потег.

„Веќе одби две понуди и вели дека во овој момент не сака да разговара за нов договор. Тоа значи дека чека нешто и тоа значи само една работа, го чека Реал Мадрид“ – вели Теро за Скај Спортс.

„Колку што јас знам, Реал Мадрид останува заинтересиран, но се уште немаат сторено ништо конкретно. Ниту имаат дил со Азар ниту пак се имаат договорено со Челси. За разлика од минатата лето, дури и му се немаат јавено на Челси“.

„Кога минатото лето стапија во контакт со Челси, Марина Грановскаја им кажа дека играчот не е на продажба и Реал го почитуваше ова. Но сигурно одново ќе тропнат на вратата бидејќи мора да го засилат составот по оваа сезона и полесно е да се дојде до играч кој има само уште 12 месеци од договорот“.

„Азар е среќен во Лондон, неговите деца се среќни и неговата сопруга е среќна во Лондон. Доколку не му се оствари сонот за трансфер во Реал Мадрид, сигурно ќе остане во Челси и ќе стави потпис на доживотен договорот“.

„Мислам дека и самиот ќе притисне за преселба во Реал Мадрид, но Реал Мадрид е тој што мора да направи потег“.