24фудбал

Ериксен донесе одлука, прв избор за него е шпанскиот гигант

Извор близок до Данецот за АС откри дека речиси невозможно е да падне договор со Тотенхем за потпис на фудбалерот за продолжување на соработката со Премиерлигашот, а токму шпанскиот агент кој очајно го посакува е негов прв избор.

Англија

Плејмејкерот на Тотенхем, Кристијан Ериксен наводно веќе донел одлука околу неговата иднина, а се шпекулира дека Данецот дефинитивно посакува да си замине од Лондон, а негов прв избор за трансфер е Реал Мадрид.

Иако Ериксен е на листата на желби и на лутиот ривал на Кралевите, Барселона, сепак, тој го избрал Реал Мадрид, а плејмејкерот е во последните 18 месеци од договорот со Премиерлигашот, договор кој се чини дека нема да биде продолжен во периодот кој претстои.

Познато е дека Тотенхем правеше максимални напори за да овозможи подобри услови за својот фудбалер, за тој да стави потпис на нов, долгогодишен договор, но, извесно е дека 26 годишниот фудбалер ќе си замине, а Тотенхем е во крајно непријатна ситуација во која ќе мора навреме да го продаде за да извлече максимум од неговата цена.