24фудбал

Реал загуби од Леганес но продолжи во Копа дел Реј (ВИДЕО)

Леганес го совлада Реал Мадрид во реваншот од осминафиналето во Купот на Шпанија но немаше сили за ново чудо, „кралевите“ се во следната рунда.

Шпанија

Минатата сезона малиот Леганес приреди голема сезанција во Копа дел Реј и го исфрли Реал Мадрид со триумф на „Сантијаго Бернабеу“.

„Лос пепинерос“ сепак немаа сили за ново чудо, но достоинствено се опростија од Купот на Шпанија. Вечерва пред своите фанови со 1-0 го совладаа Реал Мадрид, кој оди понатаму благодарејќи на триумфот од 3-0 остварен минатата недема.

Браитвајт беше стрелец на единствениот гол на мечот, напаѓачот на Леганес најдобро се снајде по една мешаница во петерецот и го совлада Кејлор Навас.

Претходно и Севиља се пласираше во четвртфиналето и покрај тоа што на домашен терен загуби од Атлетик Билбао со 0-1.