24фудбал

Ливерпул и Челси во битка за Имобиле?

Искусниот напаѓач во октомври ланската година потпиша нов договор со Римјаните со кој се обврза на верност со клубот до 2023. година, а за него има интерес од Премиерлигата, два клуба ја следат ситуацијата со него под будно око.

Англија

Ливерпул и Челси наводно се ривали за потписот на напаѓачот на Лацио, Чиро Имобиле, пренесува Ил Месаџеро, а обата Премиерлигаши под будно око ја следат ситуацијата со Италијанецот.

Според информациите кои ги објави горе наведениот весник, се вели дека Ливерпул ќе испрати скаути за да ја „скенираат“ играта на напаѓачот против Наполи во недела, а истиот весник пишува и за добрите релации кои Ливерпул ги има со Лацио.

Како и да е, се шпекулира дека Ливерпул има голема конкуренција во битката за напаѓачот, и тоа во Челси, клуб кој го доби Гонзало Игуаин на позајмица од Јувентус, но, извесно е дека посакува да дојде и до Имобиле.

28 годишниот Италијанец досега постигна 80 погодоци во 112 настапи за Лацио, 13 од истите погодоци се во оваа сезона.