24фудбал

Ванда со друга песна: Икарди ќе стави потпис на нов договор!

Ванда Нара пред десетина дена најави дека Мауро Икарди би можел да замине од Џузепе Меаца, но сега вели дека напаѓачот ќе стави потпис на нов договор со Интер.

Италија

„Нероаѕурите“ сакаат да го обноват договорот на својот капитен со цел да ја избришат или зголемат откупната клаузула која во моментов изнесува 110 милиони евра, сума која и не е толку голема на денешниов луд трансфер пазар и неколку клубови се подготвени да ја активираат.

Ванда Нара пред десетина дена порача дека тие се далеку од согласност со Интер, дека немаат добиено понуда која ги задоволува нивните барања и откри дека четири клубови помеѓу кои Барса и Реал се распрашуваат за Аргентинецот.

Но вечерва сопругата на Мауро Икарди излезе со сосема поинаква изјава, и истакна дека голгетерот останува верен.

„Ќе го обновиме договорот, Икарди ќе стави потпис на нов договор, не грижете се. Нема никакви проблеми, секако дека Интер сака да го задржи Мауро“ – изјави Ванда за Стриша ла нотиција на Канале 5.