24фудбал

Пјатек ќе почека неколку дена за трансфер во Милан, во преговорите влегоа уште двајца играчи

На денешната средба помеѓу Милан и Џенова не падна конечен договор за трансфер на Криштоф Пјатек, двата клуба ќе имаат нова рунда преговори на стартот од следната недела.

Италија

Криштоф Пјатек ќе треба да почека уште неколку дена за да стане ново засилување на „росонерите“. Полјакот неколку дена има договор со Милан за плата од 2 милиони евра по сезона, но двата клуба се уште си немаат подадено рака.

Денеска Леонардо се сретна со неговиот колега Џорџо Перинети, а потоа на состанокот се приклучи и првиот човек на Џенова, Енрико Прециози. Се веруваше дека неговото присуство е знак дека се комплетира трансферот, но денеска не падна конечен договор.

Како што пренесуваат медиумите од Италија, во преговорите влегле уште двајца играчи. Милан на Џенова и ги понудил Ален Халиловиќ и Андреа Бертолачи. Па популарнтие „рособлу“ сега ќе треба да пронајдат заеднички јазик со нив.

Следниот состанок е закажан за почетокот на следната недела, и ќе се случи по крајот на пресметката помеѓу Џенова и Милан (мечот се игра во понеделник во 15 часот) или во вторник.