24фудбал

Ново „голазо“ на Касемиро, Севиља падна на Бернабеу (ВИДЕО)

Реал Мадрид го доби дербито со Севиља на Сантијаго Бернабеу, Касемиро со прекрасен гол од далечина го скрши отпорот на гостите а Модриќ во судиското надополнување ја потврди победата.

Шпанија

„Кралевите“ прикажаа солидна партија пред своите фанови и сосема заслужено стигнаа до три бода со кои се искачија на третата позиција на табелата.

Севиља долго време одолеваше на нападите, но гостите капитулираа во 78. минута кога Касемиро во свој стил распали од далечина. Бразилецот постигна „голазо“ од 25 метри и навести радост за Реал Мадрид.

Победата беше потврдена во 92. минута од мечот кога Лука Модриќ се запиша во листата на стрелците.