24фудбал

Јунајтед реди победи, Ливерпул губеше но дојде до три бода (ВИДЕО)

Манчестер јунајтед забележа нова победа под водство на Солскјер, овој пат го совлада Брајтон со 2-1, Ливерпул со 4-3 славеше над Кристал Палас.

Англија

Манчестер јунајтед не знае за ништо друго освоен победа откако замина Мурињо а на негово место дојде Оле Гунар Солскјер, овој пат беа подобри од Брајтон.

Резултатот беше отворен во 27. минута од пенал, беше направен прекршок врз Погба, тој самиот го реализираше за 1-0. Во 42. минута Рашфорд зголеми на 2-0.

На 15 минути до крајот Грос намали на 2-1, Брајтон се обидуваше да дојде до изедначување, но Јунајтед го сочува водството.

Дури седум гола беа постигнати на мечот меѓу Ливерпул и Кристал Палас, Гостите два пати водеа но Црвените дојдоа до планираните три бода.

Кристал Палас со гол на Таусенд имаше водство по првото полувреме, но Салах и Фирмино го свртеа мечот на почетокот од вториот дел.

Томкинс во 65. минута изедначи на 2-2. Десет минути подоцна Салах го врати водството, но тоа не беше се. Мане во 93. погоди за 4-2, а две минути подоцна Мајер ги постави конечните 43.

Њукасл со 3-0 го победи Кардиф, Саутемптон со 2-1 славеше над Евертон, Борнмут со 2-0 го совлада Борнмут, немаше голови на дуелот меѓу Ватфорд и Барнли.