24фудбал

Манчестер Сити рутински ја заврши работата кај Хадерсфилд (ВИДЕО)

Манчестер Сити со убедливи 3-0 победи на гостувањето кај Хадерсфилд и ги запиша очекуваните три бода.

Англија

Резултатот беше отворен уште во 18. минута со погодок на Данило, Манчестер Сити поведе со 1-0 а со тој резултат и заврши првото полувреме.

Во 54. минута по асистенција од Сани, Стерлинг со глава погоди за 2-0, а две минути подоцна германскиот фудбалер и самиот се впиша во листата на стрелците за конечни 3-0.

По 23 одиграни кола Манчестер Сити има негатива од четири бода во однос на Ливерпул.