24фудбал

Само Рајола го може ова, на Балотели му обезбеди 3 милиони евра за 17 меча во Марсеј!

Медиумите од Италија и Франција пишуваат дека Марио Балотели наскоро ќе го облече дресот на Марсеј откако Мино Рајола ги натерал лидерите на клубот од Велодром да ги прифатат нивните барања.

Франција

Популарниот „Супер Марио“ се поврзуваше со Џенова како замена за Криштоф Пјатек кој треба да се пресели во Милан, но ништо од негово враќање во Калчото.

Како што пренесуваат медиумите од Италија и Франција, проблематичниот напаѓач треба да го облече дресот на Марсеј. Мино Рајола уште едаш заврши одлична работа и ги натера лидерите на клубот од Велодром да ги прифатат нивните барања.

Се говори дека Италијанецот ќе добие плата од 3 милиони за 17 натпревари, односно да го носи дресот на Марсеј до крајот на сезоната.

На Марсеј очајно им требаат голови во битката за топ три на табелата, но останува да се види дали Марио Балотели е одговорот со оглед на тоа дека тој нема одиграно натпревар од 4. декември, а оваа сезона нема постигнато ниту еден гол во Лиг 1.