24фудбал

Несторовски е наследникот на Пјатек во нападот на Џенова

Македонскиот бомбардер е идентификуван како идеална замена за Пјатек, кој во иднина ќе го носи дресот на Милан, Џенова од поодамна се споменуваше како опција за Несторовски, а интересот од овој клуб е веќе многу посериозен.

Македонија

Палермо сезонава е во одлична позиција за враќање во најелитниот фудбалски шампионат на Италија, Серија А, иако борбата ќе биде до самиот крај во Серија Б лигата, сепак, за капитенот на таа екипа, а воедно и македонски репрезентативец, Илија Несторовски, повторно во Италија се шпекулира за негов евентуален трансфер во Џенова.

Несторовски би можел да се пресели во Џенова, каде моментално настапува Горан Пандев, во летниот преоден рок, а 28 годишниот напаѓач наводно е идентификуван како идеална замена за Криштоф Пјатек, кој за 35 милиони евра се сели во Милано во редовите на Милан.

Несторовски оваа сезона на 14 настапи постигна шест погодоци, а воедно е прв стрелец за екипата од Сицилија која очајно посакува враќање во Серија А, откако таа желба не успеа да ја оствари во ланската сезона.

За веста дека Џенова го засили интересот за Несторовски по продажбата на Пјатек, денес пренесоа Медиагол, како и Калчомеркато.