24фудбал

Навивачите на Милан „полудеа“ по потегот на Пакета (ВИДЕО)

Феноменалниот Бразилец веќе ги освои симпатиите кај навивачите на Милан кои ги „почести“ со еден неверојатен потег, а истиот наиде на големо воодушевување кај нив.

Италија

Милан со победа од 0-2 се врати од гостувањето кај Џенова на нашиот Горан Пандев во вчерашниот меч од редовното 20 коло од Серија А, а со оваа победа Росонерите се најдоа во топ четирите екипи од табелата во елитниот фудбалски шампионат на Италија.

Головите во победата на Росонерите ги постигнаа Борини и Сусо, а деби во Серија А имаше Лукас Пакета, а 21 годишниот бразилски офанзивец воодушеви со еден неверојатен потег со кој целосно го надмудри својот противник, а потегот наиде на големо воодушевување кај фановите на Милан.