24фудбал

Анри има тригодишен договор со Монако, а ќе добие отказ по само 15 недели!

Во наредните денови се очекува Тјери Анри да добие отказ од Монако, а Леонардо Жардим да се врати на тренерската позиција.

Франција

Тјери Анри лошо ја почнува тренерската кариера, во Монако дојде со голема амбиција, клубот му даде тригодишен договор иако за него тоа беше прво искуство како самостоен тренер. Но сега информациите велат дека часови го делат од отказ.

Анри победи на само четири од своите први 20 натпревари како тренер на Монако.

Клубот е во зоната за испаѓање и раководството не сака да ризикува, планот е да му биде врачен отказ на Анри а на негово место да дојде Жардим.

Жардим беше отпуштен во октомври по лошиот старт на сезоната, но неговиот скор севкупно како тренер на Монако е супериорен во однос на Анри.

Во зимскиот преоден рок Фабрегас потпиша за Монако со цел да работи со Анри, неговиот соиграч од Арсенал, но се чини дека тоа траеше многу кратко.

Монако е на 19. место во Лига 1 по 21 коло. Тие веќе испаднаа од Европа а елиминирани се и од францускиот куп.