24фудбал

Во Стразбур без симпатии за повредениот Нејмар: Кога некој сака да ве исмева... (ВИДЕО)

Нејмар синоќа заработи незгодна повреда на куп мечот против Стразбур, но играчите од овој клуб немаат симпатии кон бразилската ѕвезда, напротив ги оправдуваат острите стартови врз него бидејќи сметаат дека тој ги исмевал.

Франција

Нејмар често е мета на остри стартови на противниците, многумина сметаат дека тој таквите дуели ги привлекува со својата игра бидејќи со атракциите кои ги прави ги понижува играчите од другите тимови.

„Тој е одличен фудбалер и јас го почитувам како играч, но ние не сме тука за тој да си игра мајтап со нас. Доколку тој сака да не исмева, ние ќе вратиме со оружјето кое го имаме. Имаме дрес за бранење, не сме тука за исмевање“, изјави играчот на Стразбур, Госалвез.