24фудбал

Балотели даде гол уште на првиот меч за Марсеј (ВИДЕО)

Марсеј го загуби дербито со Лил и тоа на Велодром, но Марио Балотели постигна гол уште на својот прв натпревар за новиот клуб.

Франција

Лил го победи Марсеј на негов терен со 2-1. Гостите водеа со 1-0 од првото полувреме, па во вториот дел во 94. минута дадоа гол за 2-0.

Се чинеше дека така и ќе заврши мечот. Но Балотели кој во игра влезе во 74. минута, пред последниот свиреж на судијата постигна гол за конечни 2-1.

Марсеј загуби, но Балотели покажа дека е гладен за голови и може да биде добро засилување.