24фудбал

Двата гола на Роналдо недоволни, Жервињо во 93. минута го изненади Јуве (ВИДЕО)

Парма се избори за бод на гостувањето во Торино, Јувентус долго време имаше предност, но Жервињо го изненади фаворитот во 93. минута.

Италија

„Бјанконерите“ оваа недела за прв пат беа поразени во Италија откако Аталанта со 3-0 славеше во купот. Покрај разнишаната самодоверба, Алегри имаше и проблеми во одбраната, за прв пат по 7 години го немаше популарното „ББЦ“ (Бонучи, Барзаљи и Кјелини).

Отсуствоот на искусните дефанзивци се покажа како проблем откако вечерва Јувентус прими три гола.

Домаќините поведоа во 36. минута преку голот на Роналдо, а потоа ЦР7 му асистираше на Ругани за 2-0 во 62. минута од мечот. Парма брзо се врати во игра со голот на Барила, но кратко им траеше радоста бидејќи Роналдо веќе во 66. минута ја врати предноста од два гола.

Сепак гостите не се предадоа, најпрво намалија на 3-2 преку Жервињо за истиот играч во 93. минута да погоди по втор пат и да го изненади фаворитот.