24фудбал

Ристовски го „раскара“ Спортинг со фудбалската федерација на Португалија

Од португалскиот клуб прашуваат како е можно случајот со Ристовски да нема брза реакција од тамошната куќа на фудбалот, односно, на истата да и бидат потребни цели три дена за да возврати на нивното барање за укинување или намалување на суспензијата на Македонецот со најпрво целосно разгледување на случајот.

Македонија

Низ португалски темедиуми на големо се пишува за случајот со македонскиот бек од редовите на Спортинг Лисабон, Стефан Ристовски, тој на првенствениот меч од најсилниот португалски шампионат поцрвене на гостувањето кај Сетубал, меч кој заврши нерешено со резултат 1-1.

Веднаш потоа 26 годишниот Македонец доби два меча суспензија од дисциплинската комисија при фудбалската федерација на Португалија, а со оглед на тоа што натпреварот се играше во средата од минатата седмица, од Спортинг упатија жалба за таа суспензија во петокот, меѓутоа одговорот од спротивната страна дојде мошне доцна.

Изминатиот викенд Спортинг го загуби големото дерби со Бенфика на домашен терен (2-4), меч кој беше од исклучително значење за тој клуб во битката за место погоре на табелата, а освен тоа, против истиот ривал загуби и на негов терен, завчера, во средата со 2-1, со што загуби во првата пресметка од полуфиналето во португалскиот куп, повторно без Ристовски во составот.

Од Спортинг се револтирани од причина што на фудбалската федерација на Португалија и беа потребни цели три дена за да одговори на нивната жалба за суспензијата на Ристовски, неговата суспензија од два, се намали на еден меч, а одговорот од куќата на фудбалот на Португалија, за намалување на суспензијата го добиле на само три часа пред вториот меч со Бенфика во Купот.

Таа суспензија беше донесена без никакво сведочење, без да се слушнат учесниците во тој настан, без да се анализира ситуацијата, единствено што беше направено е анализа на основ на видео доказите кои им беа при рака“ стоеше во соопштението на сајтот на Спортинг.

Во Португалија на големо се дебатираше за овој случај со Ристовски, а фановите на Спортинг Лисабон, како и клубот, остро реагираа на суспензијата, која според нив е во најмала рака „смешна“, од причина што Ристовски поцрвене при еден воздушен дуел по кој самиот тој беше повреден, а на социјалните мрежи објави и фотографија во каква состојба бил по тој судир.