24фудбал

Арон Ремзи доби богатство од Јувентус, ќе стане најплатениот британски фудбалер

Медиумите од Англија пренесуваат дека Арон Ремзи ставил потпис на пред-договор со Јувентус според кој ќе заработува нешто над 400.000 фунти неделно.

Италија

Велшанецот летоска ќе биде слободен агент откако Арсенал ги прекина преговорите за продолжување на соработката. Неколку клубови пројавија интерес за услугите на Арон Ремзи, но најконкретен беше Јувентус.

Подолго време се говори дека двете страни си имаат подадено рака, а попладнево пристигна информација дека Арон Ремзи ставил потпис на пред-договорот.

Според БиБиСи, тој во Торино ќе има основна плата од нешто над 400.000 фунти неделно (нешто над 450.000 евра) или речиси 21 милион фунти годишно (речиси 24 милиони евра). Со вакви бројќи, Арон Ремзи ќе стане најплатениот британски фудбалер, и ќе биде помеѓу десетте најплатени играчи во Европа. 

Во Италија и Јувентус само еден фудбалер ќе има поголеми примања од него, Кристијано Роналдо кој годишно инкасира околу 30 милиони евра. Арон Ремзи во Торино доаѓа без обесштетување, па веројатно затоа неговиот агент успеа да се избори за толку богат договор.