24фудбал

Реал Мадрид сака да ја искористи ситуацијата со Дибала

Кралевите имаат и опција да вметнат свој фудбалер во пакет од понудата за Дибала во летниот преоден рок, истиот тој подолг период се поврзува со преселба во Торино, односно, повторно да му биде соиграч на неговиот добар пријател Роналдо.

Шпанија

Диарио пишува дека Реал Мадрид сака да ја искористи ситуацијата во која се наоѓа Пауло Дибала, откако за Аргентинецот на големо започна да се шпекулира дека не е среќен со својот статус во екипата на Јувентус.

Претходно наведениот медиум додава дека Кралевите имаат интерес за Аргентинецот веќе три години, но, веруваат дека ова е најдобриот момент за нив кој можат да го искористат за да дојдат до неговиот потпис.

Се шпекулира дека шпанскиот гигант би можел да тргне кон Дибала уште во летниот преоден рок, а Реал Мадрид првично би се обидел со понуда вредна 120 милиони евра, но, опција е воедно и Марсело, кој би можел да биде вметнат во одредена понуда во пакет за Аргентинецот.