24фудбал

УЕФА потврди: Минута молк во чест на Сала

Вечерва три натпревари се играат под капата на УЕФА, два во Лигата на шампионите, каде ќе се судрат Рома - Порто, односно Манчестер јунајтед - ПСЖ, а еден ќе проследиме и во Лига Европа, помеѓу Фенербахче и Зенит.

Останато

Европската куќа на фудбалот потврди дека на сите натпревари кои се под нејзина капа за оваа седмица ќе има минута молк пред стартот на истите во чест на трагично загинатиот аргентински фудбалер Емилијано Сала.

Сала го загуби животот на пат од Франција до Велика Британија, откако 28 годишниот фудбалер откако го договори трансферот со Кардиф, се врати во Нант за да се поздрави со своите поранешни колеги, но, авионот со кој се превезуваше исчезна од радарот и имаше пад во океан, при што имаше две неделна потрага по неговото тело, како и на пилотот Давид Иботсон, телото на Сала беше пронајдено, но, се уште се трага по тоа на пилогот.

Би сакал да изразам длабоко сочувство до семејството на Емилијано Сала и сите кои го познаваа и почитуваа, ова е голема загуба за фудбалот, длабоко во себе сум разочаран поради овој трагичен настан, тој замина на млада возраст, барам до сите да укажат чест во сеќавање на Сала во деновите кои претстојат“ рече првиот човек на УЕФА, Александер Чеферин.

Освен тоа што ќе има минута молк пред стартот на сите предвидени натпревари за оваа седмица под капата на УЕФА, како Лигата на шампионите, односно Лига Европа, клубовите кои се натпреваруваат ќе имаат можност нивните фудбалери да носат и црна лента на себе.