24фудбал

Интер на лето би можел да пазари во Тотнем

Нероаѕурите повторно се во игра за искусниот фудбалер од средниот ред на Премиерлигашот, кој пак, од друга страна пријави сериозен интерес да го ангажира Перишиќ.

Италија

Калчомеркато известува дека Интер се врати на патеката во трката за потписот на фудбалерот од средниот ред на Тотнем, Муса Сисоко, а Нероаѕурите наводно својот интерес за него ќе го потврдат во летниот преоден рок.

Актуелниот важечки договор на Сисоко со Премиерлигашот истекува во 2021. година, а од друга страна пак, интересно е тоа што Тотнем според шпекулациите кои ги објавија одредени медиуми, го посакува Иван Перишиќ од редовите на Интер.

Тотнем не реализираше ниту едно засилување во зимскиот преоден рок, а евентуална продажба на искусниот Французин би значело и потрага по негова замена на трансфер пазарот.

Во август Сисоко ќе наполни 30 години, а тој во Тотнем дојде од редовите на Њукасл во 2016. година за сума од 35 милиони евра.