24фудбал

Севиља славеше кај Лацио, победа и за Интер над Рапид Виена, БАТЕ Борисов го изненади Арсенал (ВИДЕО)

Се одигра првата рунда натпревари од денешните предвидени во рамките на 16 финалето во Лига Европа, Арсенал не ја оправда фаворитската улога, но, тоа го стори Интер, Севиља со минимална, но значајна победа во Рим.

Лига Европа

Лацио – Севиља беше дерби пресметката на дуелите во рамките на 16 финалето од Лига Европа, а првиот дуел го доби шпанскиот прволигаш кој сред Рим обезбеди минимална победа од 0-1.

Единствениот гол во победата на Севиља беше дело на Бен Једер во 22. минута, а со тоа Лацијалите сега ќе имаат тешка задача за прогрес во следната рунда натпревари од Лига Европа.


Од останатите средби го бележиме поразот на Арсенал кај БАТЕ Борисов со 1-0, откако Белорусите со голот на Драгун во 45. минута обезбедија минимална победа во дуелот со фаворитот кој во 85. минута остана со играч помалку на теренот откако директен црвен картон доби Лаказет.


Интер секако е во тешка ситуација по случувањата со Икарди, меѓутоа тимот на Спалети славеше на гостувањето кај Рапид Виена минимално со 0-1, а единствениот гол на средбата во Австрија го постигна Мартинез од пенал во 39 минута.



Резултати од натпреварите од 18,55 часот:

БАТЕ Борисов – Арсенал 1:0

Галатасарај – Бенфика 1:2

Краснодар – Баер Леверкузен 0:0

Лацио – Севиља 0:1

Олимпијакос – Динамо Киев 2:2

Рапид Виена – Интер 0:1

Рен – Бетис 3:3

Славија Прага – Генк 0:0