24фудбал

“Икарди веќе има договор со Јувентус“

Аргентинецот од поодамна беше поврзуван со трансфер во италијанскиот првак, а извесно е тоа дека челниците на Интер му се налутиле поради тоа што нивниот фудбалер преговарал зад нивен грб, барем според претпоставките на еден италијански новинар.

Италија

Италијанскиот новинар Валер Де Маџо говорејќи на Радио Кис Кис за случајот со Икарди, има свој став по доста озборуваното прашање во моментов, тој смета дека аргентинскиот напаѓач ги налутил челниците на Интер поради тоа што веќе постигнал договор со ривалот на тимот од Милано.

Мислам дека Интер знае дека Икарди веќе има договор со Јувентус, Интер е голем клуб а Марота е врвен директор. Отстранувањето на капитентската лента е голема одлука и инсистирам на тоа, дека, според мене, Икарди веќе има постигнато договор со Јувентус“ изјави тој.

Аргентинецот подолг период беше поврзуван со Јувентус, а откако му беше одземена капитентската лента во тимот, тој одби да биде дел од составот на Интер за денешното гостување кај Рапид Виена, каде Нероаѕурите славеа минимално пред реваншот на свој терен во 16 финалето од Лига Европа.